Copyright 2018 - AT SOLUTIONS

Кариера

Постојано сме во потрага по талентирани и енергични луѓе со позитивен став, кои се одлучни и решителни и кои сакаат да работат во динамична и меѓународна средина.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од тимот на АТ СОЛУТИОНС, освен долунаведените вештини, треба да сте тимски играч со позитивен став, со високо ниво на интегритет и со умешност во обезбедувањето услуги за грижа за корисниците.

Доколку ги поседувате вештините наведени подолу и сакате да станете дел од тимот на АТ СОЛУТИОНС, Ве молиме испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на македонски или англиски јазик на следната адреса за електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ве молиме наведете го секторот за кој аплицирате во полето „subject“ на електронската пошта.

 

 

Технички сектор – Oracle, MySQL, JAVA, Javascript, PHP, управување со проекти, способност да се запазуваат кратки рокови.

Финансиски сектор – аналитички вештини, познавања за финансиско анализирање и финансиски изводи, искуство во финансиско анализирање и известување, напредни вештини во Excel, искуство во SAP, способност да се запазуваат кратки рокови.

Маркетинг, продажба и услуги за корисници – искуство во работа со корисници, одлични вештини за продажба, извонредни комуникациски способности, способност, посветеност на решавање на задачи, напредни вештини во Excel, возачка дозвола од Б категорија (за работни места во Деловна продажба).

Течното познавање англиски јазик (писмен и устен) е задолжително за сите работни места во АТ СОЛУТИОНС, заедно со познавања и/или заинтересираност за Информатички Технологии.

Што Ви нудиме ние?

Работа во меѓународна средина

Ви нудиме средина во која се почитува и се наградува квалитетот, во која сите вработени се охрабруваат да ги развиваат своите таленти и интереси. На нашите вработени им нудиме можност да работат во меѓународна средина и да разменуваат знаења, искуства и практики.

Постојано напредување

Нашата компанија е посветена на постојано учење и развивање на своите вработени. Вработените се во центарот на нашиот динамичен бизнис и ние ја црпиме нашата конкурентна предност пред другите од вештините, способностите, флексибилноста и одговорноста на нашите вработени кон нашите клиенти. Затоа, на нашите вработени им даваме шанса за постојан раст и развој преку формални и неформални обуки, како и други алатки за напредување.

СЕ ЗАЛАГАМЕ

 
„Наша приоритетна цел е да одговориме брзо и квалитетно на Вашите потреби, затоа имаме ангажирано високо квалификуван стручен кадар за брзо и квалитетно извршување на задачите.“ 
Аврамов Трајче, извршен директор во АТ СОЛУТИОНС
f t g m

Контакт

ДПТУ АТ СОЛУТИОНС ДООЕЛ Гевгелија

Ул. „Булевар Гевгелија“ бр. 86Т 1480 Гевгелија, Р. Македонија

Тел.: +389 78 448 990

е-пошта: contact@at-assist.com

Локација