Copyright 2018 - AT SOLUTIONS

За Нас

Почитувани, ДПТУ „АТ СОЛУТИОНС“ ДООЕЛ е компанија регистрирана за вршење услуги во врска со информатички технологии и компјутери, произлезена од одделот за развој на информатички технологии „АТ СОФТ“ при ДПТУ „ГЕЛ-ГЕРИ“ дооел (од 2005 година). Како правен субјект „АТ СОЛУТИОНС“ е регистрирана во 2016 година. Во своите почетоци како „АТ Софт“ изработувавме ВЕБ Решенија за коминтентите и учествувавме во разбивањето на монополот на пазарот со прилагодени хостинг паќети по светски стандарди, имплементиравме мрежни решенија во повеќе претпријатија, а нашиот тим за техничка поддршка беше активен 24/7.
Денес како „АТ СОЛУТИОНС“, продолжуваме со опслужување на коминтентите стекнати од „АТ Софт“, но исто така имаме воведено нови услуги и решенија со кои и Вам би можеле да Ви го олесниме секојдневното работење. Активно работиме на усовршување и зголемување на тимот и воведување на нови услуги.
Дозволете да Ви заштедиме време и пари. Во сите претпријатија постои потреба од секојдневно извршување на различни задачи како на пример: маркетинг, анализи, истражувања, пополнување табели итн. Без разлика дали ваквите задачи бараат стручна експертиза или не, Вам секојдневно Ви одземаат драгоцено време и Ве дефокусираат од други поважни активности како што се управување со претпријатието, наоѓање нови пазари и слично.
Од многубројната листа на корисници на некои од нашите услуги ги издвојуваме:
Алвоген Фарма Македонија, Центар за социјални работи Гевгелија, СОУ Богданци, БекТек Дооел, Општина Богданци, Душица Компани, Златара Ани, Антоми Трејд, СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија, ООУ Ристо Шуклев Негорци, ДИА Трејд, ЗГ Тера, ЗГ Јужна Порта, Хотел Ашикот, Амиго Компани, Општина Гевгелија, Мирјам Медикал и останати приватни и јавни претпријатија.
Нашите услуги се поделени во неколку групи и тоа:
· Виртуелен помошник (социјални медиуми, маркетинг, брендирање, обработка на податоци, истражување, веб објавување, телефонирање, испраќање мејлови)
· Одржување и сервис на компјутерска опрема
· Мрежни решенија (Проектирање, имплементација, одржување)
· Веб решенија (Веб Страни, Веб продавници, Веб алатки, Хостирање, регистрација на домени, одржување на веб страни)
Нека овој текст Ви биде поттик за нов начин на размислување и работење. Ние сме отворени за заедничка соработка со цел за зголемување на резултатите двострано.
Со Почит.
Аврамов Трајче – извршен директор

СЕ ЗАЛАГАМЕ

 
„Наша приоритетна цел е да одговориме брзо и квалитетно на Вашите потреби, затоа имаме ангажирано високо квалификуван стручен кадар за брзо и квалитетно извршување на задачите.“ 
Аврамов Трајче, извршен директор во АТ СОЛУТИОНС
f t g m

Контакт

ДПТУ АТ СОЛУТИОНС ДООЕЛ Гевгелија

Ул. „Булевар Гевгелија“ бр. 86Т 1480 Гевгелија, Р. Македонија

Тел.: +389 78 448 990

е-пошта: contact@at-assist.com

Локација